Мицкоски: Заев, народот е обединет против тебе

2 mins read

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку статус на Фејсбук реагираше на пресот на Зоран Заев одржан попладнево. Мицкоски порача дека Заев само ја повторува истата прес-конференција од лани, „кога исто така лажеше дека ја разбрал пораката, а продолжи да се однесува арогантно и криминално“.

„Зоран Заев ништо не разбрал. Зоран Заев само ја повторува истата прес конференција од лани кога исто така лажеше дека ја разбрал пораката, а продолжи да се однесува арогантно и криминално. Jа повтори и прес конференцијата од годината претходно кога истото го велеше, и повторно разочара. Зоран Заев доби и метла со која ништо не измете. И ќе потсетам дека на овие избори арогантно ни велеа дека се најдобри, a прашањето е кога лажеа, кога го тврдеа тоа цела кампања, или сега кога по трет пат викаат дека ја разбрале пораката?“, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Вистината е дека Заев не кажа ништо ново освен тоа што повторно зборуваше за минатото, за некаков режим, за истите флоскули во кои никој не му верува. Сака да заборавите дека 5 години е на власт и пробува повторно да го потцени народот. Kога зборува Заев за режим, нека си погледне во сопствениот дом, во Куманово, притисоците за гласање во Прилеп, Велес, Сарај, Битола, за односот кон луѓето и нивните гласови како да се негова сопственост. Заев ќе ти кажам дека народот, ние самите сме господари над сопствените судбини и дека никој ја нема нашата волја во џеб за да си поигрува со нејзе. Народот е веќе обединет, но против тебе и се она што ти преставуваш во политиката. Надежта е родена, и таа ќе победи!“, напиша Мицкоски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Обезглавено тело со отстранета утроба е пронајдено во францускиот град Болен

Следно

Рекорден грабеж на пошта во Црна Гора, загина обезбедувач

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian