Меч стар 900 години пронајден на брегот на Израел

1 min read

Меч стар околу 900 години, за кој се верува дека му припаѓал на крстоносен воин, го пронашол аматер нуркач недалеку од израелскиот брег.

Мечот долг 1 метар бил пронајден од страна на Шломи Кацин и предаден на властите, пишува Би-Би-Си.

Се претпоставува дека мечот се појавил поради движењето на песокот.

Израелската управа за антиквитети вели дека мечот ќе биде јавно прикажан по чистењето и анализата.

Властите наведуваат дека мечот бил сочуван во совршена состојба, дека бил убав и редок и дека очигледно припаѓал на крстоносник.

Област богата со археолошки наоди

„Возбудливо е да се сретнете со ваков личен предмет, да ве вратат 900 години наназад во сосема друго време, време на витези, оклопи и мечеви“, рече Нир Дистелфелд од Израелската управа за антиквитети.

Коби Шарвит, кој раководи со поморската археолошка единица на споменатата администрација, вели дека брегот Кармел, каде што бил пронајден мечот, обезбедил засолниште за бродовите за време на бури низ вековните поморски активности долж брегот.

„Овие услови привлекуваа трговски бродови со векови, оставајќи зад себе богати археолошки наоди“, рече тој.

Мечот стар 900 години во Израел/ Фото EPA-EFE/Shlomi Katzin/Israel Antiquities Authority

www.slobodenpecat.mk

Претходно

38-годишен крадец од Скопје ќе се соочи со кривична за кражба

Следно

Мицкоски ја повика Левица и други партии да се обединат во опозициски блок

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian