Кралицата Елизабета со загрижувачко здравје: Во последен момент откажано патувањето за Северна Ирска

2 mins read

Кралицата Елизабета Втора го откажа своето патување за Северна Ирска во последен момент прифаќајќи ја медицинската препорака од своите доктори.

95-годишната кралица требаше денес да отпатува на дводневна посета за Северна Ирска.

„Кралицата неволно ја прифати медицинската препорака да се одмара во следните неколку денови. Нејзиното Височество е во добро расположение и е разочарана што повеќе нема да може да ја посети Северна Ирска, каде што таа требаше да превземе серија од активности денес и утре“, се вели во изјава од Бакингемската Палата.

Кралицата се одмара во дворецот Виндзор, каде пред само еден ден таа го одржа приемот на бизнис лидери, технолошки претприемачи и политичари по повод одржувањето на владиниот самит за Глобал Инвестмент.

И покрај тоа што кралицата Елизабета извонредно се држи во своите 90-ти, оваа вест не доаѓа како големо изненадување за јавноста по неодамнешните шпекулации за влошување на нејзиното здравје.

На почетокот на овој месец таа беше забележана како користи бастун за прв пат по скоро цела декада за време на настанот за Службата за Денот на Благодарноста во Вестминстер Аби по повод 100 години од Кралската Британска Легија, најголемата армиска добротворна огранизација на Велика Британија.

Последен пат таа беше забележена да користи бастун во 2003 година по операцијата на нејзиното колено.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @royal_philibeth

Следен официјален настан на кој треба да присуствува кралицата е конференцијата за климатските промени на Обединетите Нации „COP26“, која треба да се одржи во Глазгов на крајот на октомври, за која сеуште не е познато дали кралицата ќе го откаже присуството.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бизарно барање од новите газди на Њукасл, ги молат навивачите да не носат марами на трибините

Следно

Обезглавено тело со отстранета утроба е пронајдено во францускиот град Болен

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian