Како стана најмладата модна икона: Зендеја ќе добие награда од „CFDA“

6 mins read

Зендеја ќе добие награда за Модна Икона од „CFDA“ следниот месец, а по последните нејзини јавни појавувања, како и низ изминатите години, сосема е јасно зошто.

„Има толку многу што би сакала да направам“ вели Зендеја во насловното интервју за британскиот Бог за овој месец. Веќе за следниот ја има насловната сторија за „InStyle“ – каде раскажува што сè направила за себе изминатава година. Ова не се ниту првите нејзини насловни – во 2019 година ја украси насловната на „GQ“, во 2020 година на „Elle“…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zendaya (@zendaya)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zendaya (@zendaya)

Пред само пар денови заблеска на премиерата и забавата по повод нејзиниот последен филм „Dune“, и нè остава жедни да ја посведочиме нејзината појава на претстојната премиера на уште еден нејзин легендарен филм „Spiderman“ на 17 декември.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zendaya (@zendaya)

Зендеја го носи својат работлив перфекционизам со елегантна ноншалантност, и тоа ќе ја направи од Дизни тинејџер во Мери (од „Malcome & Marie“) – од 13-годишна тинејџ ѕвезда, во модна икона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zendaya (@zendaya)

Се чини дека секој следен е нејзин најголем момент. Се чини дека со секое свое следно појавување актерката сè повеќе го изострува своето чувство за стил, а со секое свое професионално остварување расте како икона на денешницата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zendaya (@zendaya)

Статусот на икона ќе го добие и во официјална форма, препознаена барем во модниот свет, на 10 ноември оваа година – и ќе застане рамо до рамо со Бијонсе, Принц, Дејвид Боуви, Џенифер Лопез, Фарел Вилијамс, Наоми Кемпбел, Ријана. Реномираниот Совет на Модни Дизајнери на Америка (CFDA) одлучи овогодинешната награда за Модна Икона да ја додели токму на Зендеја, со што таа ќе стане најмладиот примач на оваа титула.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zendaya (@zendaya)

Има само 25 години, но иако релативно млада секогаш ги има под контрола својата кариера, приватен живот, и пред сè – стилот, така што претстојната титула неслучајно ќе ѝ припадне токму неа, а ќе го скраси и нејзиниот стилист Ло Роуч со кој соработува од свои тинејџерски години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)

Секако дека на оваа актерка со тело на модел се’ ѝ стои, но магијата е во тоа како таа го износува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zendaya (@zendaya)

Додека за окото на обичниот набљудувач славните изгледа како само да се расшетуваат по црвениот килим, тоа и не е така едноставно. Изгледите на Зендеја не се без напор, ниту без мисла, и всушност сосем спротивно, тоа се изгледи во кои се гледа многу подготовка, размислување, истражување, и креативен процес на формулирање на финалниот изглед. Има тука приказна која сака да ја раскаже, омаж кон карактери и рефлексија на одредени алтер-ега.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zendaya (@zendaya)

На последното нејзино јавно појавување на неколкуте настани по повод премиерата на нејзиниот филм „Dune“ се појави во неколку аутфити, сите подеднакво оставајќи ја јавноста без здив.

Премиерата беше одбележана со зрнесто бел извонредно долг фустан од Рик Овенс, кој отсликува класична елеганција во но неговата препознатлива игра со јачина на линиите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zendaya (@zendaya)

На „after“ забавата се појави во иконична блуза од Вивиен Вествуд, изработена од бројни ланци, спарена со кафено шах здолниште издизајнирано од Андреас Кронталер, кое е рачно насликано од боја од Буркина Фасо изработено во соработка со Етичка Мода.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zendaya (@zendaya)

За време на премиерата на Венецискиот Филмски Фестивал носеше кафен фустан од Балмејн инспириран токму од филмот „Dune“, a на премиерата во Париз изборот падна на совршено скроен топ со крзнено здолниште од легендарниот Зинедин Алаја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zendaya (@zendaya)

Секако дека нејзиното појавување ќе ја разоткрие и долго-шпекулираната врска со Тим Холанд, кој нема да успее да се воздржи од изразување на своите импресии откако по појавувањето на премиерата. На својот инстаграм-профил ќе објави фотографија од прекрасната Зендеја на која ќе стави „емоџи“ со очи срциња.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tom Holland (@tomholland2013)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zendaya (@zendaya)

Со така добро обмислени аутфити, појавувања и настапи, Зендеја ја зацементирува својата улога во модниот свет како нова модна икона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zendaya (@zendaya)

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Спектакл на небото во Хрватска, метеор пролета и падна во соседна Унгарија

Следно

Бајден загрижен за кинеските хиперсонични ракети

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian