Избувнал пожар во Скопје, починала повозрасна жена

1 min read

На 19.10.2021 во 07.34 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Македонско-косовска бригада“ настанал пожар во куќа, во која била пронајдена почината Р.С.(81) од Скопје.

Пожарот бил изгаснат, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт од задушување со чад.

Извршен бил увид и по наредба на Јавен обвинител телото било дадено за обдукција.  
 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Дома имате вишок печена тиква? Еве ви предлог за есенска салата

Следно

Аргентина ги замрзна цените на повеќе од 1.400 артикли, поради високата инфлација

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian