ФОТО | Анџелина Џоли ги „облече“ децата во свои рециклирани фустани

1 min read

Каква мајка, такви деца.

По повод премиерата на новиот филм Eternal во Лос Анџелес, ѕвездата на филмот Анџелина Џоли на црвениот килим се појави во придружба на своите пет деца – синот Медокс, ќерките Захара и Шило и близнаците Вивиен и Нокс.

Она што посебно беше интересно и привлече внимание, беше изборот на нејзините ќерки да носат здолништа од својата мајка. Посебно се истака Захара која на премиерата се појави во сребрениот фустан кој Анџелина Џоли го носеше на доделувањето на Оскарите во 2014 година.

„Моите деца денес се во винтиџ облека и во моето оскаровско здолниште. Сите одбравме вакви парчиња и ги рециклиравме моите фустани.“ – изјави славната актерка.

Не е првпат децата на Анџелина да носат и складна облека со нивната мајка. На премиерата на Дизниевиот „Maleficent“, ќерките Захара и Шајло беа во црни светкави комбинации налик нивната мајка.

Анџелина Џоли и децата
EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Рама: Не сме спремни за влез во ЕУ, но спремни сме за преговори

Следно

Ретро фото: Како изгледало некогаш култното кино „Култура“

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian