ЕУ и САД го зајакнуваат заедничкото делување на Западен Балкан

2 mins read

Европската Унија и американскиот Стејт департментот се согласија да ја зајакнат заедничката акција на Западен Балкан, поддржувајќи го европскиот пат на регионот, се вели во заедничката изјава објавена денеска од високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Џозеф Борел и американскиот државен секретар Ентони Блинкен по состанокот во Вашингтон минатата недела.

Жосеп Борел (Десно) и Ентони Блинкен (Лево)/ Фото EPA-EFE/Virginia Mayo /

Борел и Блинкен исто така изразија загриженост за ситуацијата во БиХ и ги повикаа политичарите на конструктивен дијалог.

Високи претставници на ЕУ и САД нагласија „силна поддршка за територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина, како и заедничка соработка за промовирање на изборните и уставни реформи и одржување на функционирањето на државните федерални институции“.

„Изразуваме сериозна загриженост за зголемената реторика на поделби во Босна и Херцеговина. Ги повикуваме сите страни да ги почитуваат и заштитуваат државните институции, да продолжат со конструктивен дијалог и да преземат чекори за постигнување напредок кон интеграцијата во ЕУ – вклучувајќи релевантни реформи. ЕУ и САД се подготвени да ги олеснат овие чекори“, се вели во заедничката изјава.

Жосеп Борел (Десно) и Ентони Блинкен (Лево)/ Фото EPA-EFE/Virginia Mayo /

Борел и Блинкен понатаму ја изразуваат својата целосна поддршка за процесот на проширување на ЕУ, нагласувајќи дека пристапувањето на регионот во ЕУ е приоритет за целиот Западен Балкан и дека интеграцијата ќе ја зголеми стабилноста и ќе придонесе за просперитетот на народите во регионот.

Тие, исто така, изразија поддршка за пристапните преговори на Албанија и Северна Македонија со ЕУ, нагласувајќи ја важноста од дијалогот за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово.

Борел и Блинкен ги повикаа црногорските власти да работат на реформите што ќе ја доближат земјата до Европската Унија.

Блинкен и Борел бараат почеток на преговори за Северна Македонија без одлагање

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Брус: Во Њукасл не ме сакаа, ми велеа дека сум бескорисен, тактички неспособен

Следно

Луѓето откриваат кои светски ѕвезди имаат грозно однесување – „Гасам телевизор кога и да налетам на него“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian