Брус: Во Њукасл не ме сакаа, ми велеа дека сум бескорисен, тактички неспособен

1 min read

Новите сопственици на Њукасл денеска го отпуштија досегашниот менаџер Стив Брус, кој го водеше клубот од јули 2019 година.

Брус доби отказ откако во неделата го имаше својот 1.000 натпревар во кариерата. Њукасл загуби од Тотенхем со 3:2 на домашен терен, но тој пораз не му пресуди на 60-годишниот тренер, бидејќи саудиските сопственици најавија дека ќе бараат нов менаџер.

Го водеше Њукасл на 97 натпревари и освојуваше само 1,15 бод по меч, севкупно запиша 28 победи.

– Мислам дека ова е последната работа во мојата кариера. Од првиот ден во Њукасл ми беше многу, многу тешко. Мислев дека можам да го издржам сето тоа , но беше неподносливо. Не ме сакаа, велеа дека нема да успеам, дека сум бескорисен, тактички неспособна, и така од првиот ден.

Кога резултатите беа добри, тогаш ми велеа: „Да, но неговиот стил на фудбал е ужасен“ или само дека имам среќа. Неверојатно. Не им чинеше дури и кога беше добро – рече Брус разговорот за британскиот „Телеграф“ по отпуштањето и кој воедно доби осум милиони фунти како финансиска компензација.

И Роџерс му удри корпа на Њукасл, се подготвува да го наследи Пеп

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мицкоски ја повика Левица и други партии да се обединат во опозициски блок

Следно

ЕУ и САД го зајакнуваат заедничкото делување на Западен Балкан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian