Бизарно барање од новите газди на Њукасл, ги молат навивачите да не носат марами на трибините

1 min read

Њукасл неодамна стана најбогат спортски клуб на светот откако беше купен од Саудискиот инвестициски фонд кој е под надлежност на принцот Мохамед бин Салман, а тој потег навивачите го прославија еуфорично притоа носејќи традиционални бели марами на главите.

Иста беше и сликата на првиот натпревар на Њукасл на „Сент Џејмс Парк“ откако има нови газди, добар дел од навивачите имаа марами на главите, но во иднина тоа ќе се смени.

Имено, новите сопственици апелираа на навивачите на Њукасл во иднина да не доаѓаат на натпреварите со марами. Клубот појасни зошто го упати ова барање до навивачите.

„Њукасл сака да ги замоли навивачите да се воздржат од облекување на традиционални арапски носии и марами кои ги носи народот од Блискиот Исток, доколку тоа не го прават секој ден. Никој од новите сопственици не е навреден поради тоа, бидејќи навивачите се слободни да слават како што сакаат. Тој гест со марамите го гледаме како позитивен знак на добредојде“, стои во соопштението на Њукасл во кое потоа бараат од навивачите да престанат да ја носат традиционалната арапска носија.

„Сепак, постои можност таквиот начин на облекување да биде културолошки неприкладен и да постои можност да ги навреди останатите. Сите навивачи се охрабрени да носат што сакаат и што е во склад со нивната култура и религија“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Протестна колона низ скопските улици, жители на Бардовци против Центарот за странци

Следно

Кралицата Елизабета со загрижувачко здравје: Во последен момент откажано патувањето за Северна Ирска

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian