ВИДЕО: Симеоне заборави на фер-плејот, Аргентинецот избега од Клоп без да се ракува

1 min read

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне не се понесе спортски по завршување на дерби натпреварот од третото коло во Лигата на шампионите помеѓу неговиот тим и Ливерпул кој заврши со триумф на „црвените“ од 2:3.

Имено, Симеоне веднаш по последниот свиреж на судијата, истрча во тунелот на стадионот „Ванда Метрополитано“ без да се поздрави со тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, што е непишано правило по секој спортски натпревар, но и прашање на култура и културно однесување.

Симеоне бурно реагираше во неколку ситуации за време на натпреварот, прв пат негодуваше поради црвениот картон на Антоан Гризман иако на снимката се гледа дека исклучувањето беше оправдано.

Пред постигнувањето на третиот гол на Ливерпул му претходеше фаулот на Марио Ермосо над Диого Жота во казнениот простор на Атлетико по што судијата Зиберт покажа на белата точка и тоа го разбесни тренерот на Атлетико.

Диего Симеоне потоа беше незадоволен и од одлуката на судијата Зиберт да ја преиначи одлуката и да не досуди пенал за Атлетико по дуелот помеѓу Жота и Хименез. Судијата Зиберт по прегледување на снимката одлучи дека не постои контакт за пенал и ја преиначи одлуката.
Според медиумите, токму спорните моменти беа причината за Симеоне да одбие да се поздрави со Клоп.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Беса и Алијанса не кажуваат дали паднал договор да се обединат против ДУИ во Тетово и Гостивар

Следно

На денешен ден – 20 октомври

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian