
Додава дека според него пораката е добронамерна и не е испратена само до владата туку до сите учесници во процесот. Во однос на неговата матична партија ДУИ и изборниот процес вели дека остварила одлични резултати во сите општини.
-Вториот круг очекувам да биде покомплициран но сепак генерално можам да кажам дека остваривме одлични резултати на овие избори. И во Гостивар имаме одлични резултати односно го зголемивме бројот на советници во општината но и воопшто бројот на гласачи кои го дадоа гласот за нашиот кандидат, вели Османи.