Српскиот Парламент одби да расправа за резолуција за геноцидот во Сребреница

1 min read

Пратениците во српскиот Парламент денеска го отфрлија предлогот да се прошири дневниот ред на седница со расправа за предлог-резолуцијата за геноцидот во Сребреница, кој го поднесе пратеникот на Партијата за демократска акција на Санџак Енис Имамовиќ.

Образложувајќи го предлогот, Имамовиќ кажа дека резолуцијата, по сите донесени пресуди во Хашкиот трибунал, е потребна за мир и помирување на бошњачкиот и српскиот народ.

Целта на резолуцијата е да се забрани секакво пропагирање на геноцидот, величење на воените злосторници и величење на геноцидот над бошњачкиот народ, објасни тој.

Имамовиќ како пример за тоа величење на геноцидот и воените злосторници го наведе најновиот случај на ракометен натпревар во Нови Пазар и однесувањето на навивачите на Црвена звезда, и констатираше дека одговорност за тоа има и Парламентот, кој „со молчење ги поддржува овие идеи и геноцидни намери“ на спортските манифестации.

„Тоа е резултат на одобрувањето кое го дава државниот врв на Србија, кој често го величи геноцидот, а неретко и воените злосторници“, кажа тој.

Предлогот на Имамовиќ не беше прифатен, како ни тој што го дадоа пратениците на Движењето на социјалистите, да се донесе одлука за формирање комисија за истрага и утврдување на бројот на жртвите на НАТО агресијата во 1999 година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Хаос во Филаделфдија, Симонс на тренинг се појави со мобилен и веднаш е остранет од тимот

Следно

ФОТО | Нема да биде рапер како татко му: Синот на Сања и Слаткар е надежен фудбалер

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian