Сајбер експертите предупредуваат – корисниците на Gmail и Outlook да избришат одредени мејлови за да избегнaт измама

1 min read

Корисниците на Gmail и Оutlook добија предупредување од сајбер експертите дека постои можна нова измама која може да ги чини пари.

Хакерската тактика со која се служат овие измамници се таканаречени „предупредувачки“ мејлови за губење на антивирус заштита на вашиот компјутер – пишува „Express

Електронската пошта има лажиран потпис на познати компании, со цел да ве убеди во приказната што се продава како „истечена претплата“.

Онлајн измамата оди дотаму што во еден од мејловите на компанијата „МcAfee“ се наведува дека претплатата на корисникот е истечена и треба истата да се обнови. Измамата пак, на мејловите на компанијата „Norton“ e различна – корисникот е предупреден дека компанијата автоматски ќе му наплати 500 долари за обнова на лиценцата, со опција за укинување на претплатата.

Доколку имате вакви мејлови во вашето сандаче на Gmail и Outlook, не двоумете се да ги избришете.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бабиќ: Заслужена победа на Ним, ние бевме посебно лоши во првото полувреме

Следно

По повод 11 Октомври, во Њујорк и во Париз се одржаа културни настани

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian