Премиер лигата поради Њукасл забрани спонзорски договори помеѓу компании и клубови кои имаат ист газда

1 min read

Премиер лигата донесе привремена забрана за спонзорски договори помеѓу клубовите и нивните сопственици и тоа десетина дена откако саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман го купи Њукасл преку Саудискиот инвестициски фонд (ПИФ).

Оваа забрана ќе трае 30 дена и во тој период треба да се одржат низа состаноци на кои треба да се донесе одлука за трајна промена на правилото. На последниот состанок кој се одржа вчера вечер, 18 од 20 премиерлигашки екипи дадоа зелено светло за воведувања трајна забрана.

Според „Гардијан“, Њукасл е единствената екипа која гласала против оваа забрана, додека Манчестер сити на чии дресови и на стадионот се наоѓа името на спонзорот, авио компанијата Етихад која е во сопственост на владата на Обединетите Арапски Емирати, беше воздржан.

Премиерлигашите стравуваат дека Њукасл со спонзорските договори ќе ги заобиколи правилата на финансискиот фер плеј кој е на сила во Премиер лигата и кој дозволува само 105 милиони фунти (120 милиони евра) вкупни загуби во последните три години.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вархеји се судри со бугарскиот европратеник Ковачев, еврокомесарот е против одвојување на Северна Македонија и Албанија

Следно

ФОТО | Пет раси кучиња кои се вистински терапевтски пријатели

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian