Порака до Ѓоковиќ од Австралија: На вирусот не му е грижа колку титули имате

1 min read

Премиерот на државата Викторија, Ден Ендрјус вели дека нема да има специјални попусти за невакцинирани спортисти кои сакаат да се натпреваруваат во Австралија.

Тој на тој начин подвлече дека нема да има попуст ни за најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, кој треба да ја брани титулата на „Австралија опен“ од 17 до 30 јануари.

Во понеделникот Ноле објави дека одби пред медиумите да го открие својот вакцинален статус, а кратко потоа Ендрјус беше запрашан дали ќе има попуст за спортистите кои не се вакцинирани.

– Кога станува збор за вакцинација, одговорот е не. Вирусот не го интересира на кое место сте или колку грен слем сте освоиле. Тоа е сосема неважно. Мора да се вакцинирате за да се спасите себе си и сите околу вас – рече Ендрјус.

Премиерот на Викторија објасни дека одредбата во врска со вакцинацијата на спортистите важи и за сите оние кои не се од Австралија. Воедно предупреди дека правилото за вакцинирани спортисти може да продолжи и во 2022 година.

Ѓоковиќ: Нема да откријам дали се вакцинирав или не

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Османи: Реакцијата на Амбасадата на САД беше добронамерна

Следно

ВИДЕО | Андоновиќ: Формиран судски предмет против Милорад Додик – го подривал уставниот поредок на БиX, тој одговори со песна

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian