Пет скопски општини добија градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ во прв круг

2 mins read

Пет скопски општини добија нови градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг на овие локални избори.

Граѓаните им ја дадоа довербата на Тимчо Муцунски за Аеродром со освоени 55,15 отсто од гласовите (18.814), што над двојно повеќе од кандидатот на СДСМ, Александар Филиповски.

Александар Стојкоски е нов прв човек на општина Ѓорче Петров со 9.215 гласови, додека второ пласираниот, кој беше досегашен градоначалник, Александар Наумоски од СДСМ освои 6.165 глас.

Во Бутел, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Дарко Костовски освои 9.012 гласа или 52,79 отсто од гласовите, наспроти досегашниот градоначалник Велимир Смилевски од СДСМ со 6.831 глас или 40,01 отсто. 

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски официјално е нов градоначалник на Кисела Вода кој со 14.691 глас или 52,51 отсто го порази досегашниот прв човек на општината, Филип Темелковски од СДСМ, кој освои 7.691 глас или 27.48 отсто.

Бобан Стефковски е нов градоначалник на Гази Баба со освоени 17.910 гласа или точно 60 отсто од гласовите, додека Борис Георгиевски од СДСМ има 8.804 гласа или 29,49 отсто.

Во вториот круг од локалните избори кој ќе се одржи на 31 октомври градоначалник ќе се бира во Центар меѓу Нашата Котлар Трајкова од ВМРО-ДПМНЕ и Горан Герасимовски од СДСМ, во Карпош меѓу Душко Весковски од СДСМ и Стефчо Јакимовски од ГРОМ, во Чаир меѓу Висар Ганиу од ДУИ и Беким Сали од а АА/Алтернатива и во Шуто Оризари меѓу Ферат Асан од СДСМ и Курто Дудуш од ЛДП и ДОМ.

Вториот криг ќе биде одлучвачки и за градоначалник на Град Скопје – меѓу Данела Арсовска независна кандидатка и Петре Шилегов од СДСМ кој беше досегашен градоначалник на Град Скопје.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 19 октомври: Важно е да го постигнете она што сте го зацртале.

Следно

Ексклузивно дел од ЕУ извештајот: Одлагањето на преговорите негативно влијае врз Северна Македонија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian