Северна Кореја истрела балистичка ракета од подморница во водите кај брегот на Јапонија, соопшти јужнокорејската војска.
Лансирањето на севернокорејската балистичка ракета од подморницата (SLBM), што беше потврдено од официјални претставници на Јужна Кореја и Јапонија, следеше откако делегациите на САД и Јужна Кореја се состанаа во Вашингтон за да разговараат за нуклеарните преговори со Пјонгјанг, пренесува Ројтерс.
Балистичка ракета беше лансирана утрово околу 10:17 часот по локално време од околината на Синпо, местото каде што беа закотвени севернокорејските подморници и беше стационирана опрема за пробно истрелување на балистички ракети, објави заедничкиот генерален штаб на јужнокорејската армија.
„Нашата армија внимателно ја следи ситуацијата и е во тесна соработка со САД, со цел да се подготви за евентуални дополнителни лансирања“, се наведува во соопштението на седиштето на јужнокорејските воени лидери (JCS).
Кабинетот на претседателот објави дека ќе свика состанок на својот Совет за национална безбедност за да го разгледа лансирањето.
Јапонија отрки два проектила
Јапонскиот премиер Фумио Кишида изјави дека се откриени две балистички проектили, додавајќи дека е „тажно“ што Северна Кореја изврши повеќе ракетни тестови во последните недели.
Претставници на стотици меѓународни компании и меѓународни вооружени сили се собраа во Сеул на инаугурацијата на Меѓународната изложба за воздухопловна и одбрана (АДЕКС), најголемиот саем за воена опрема во Јужна Кореја, на кој беа претставени борбени авиони од следната генерација, како хеликоптери, беспилотни летала и друго напредно оружје, како и вселенски ракети и цивилни авиони.
Јапонија, САД и Јужна Кореја го повикаа Ким да се врати на преговорите за нуклеарно оружје