Хаос во Филаделфдија, Симонс на тренинг се појави со мобилен и веднаш е остранет од тимот

2 mins read

Вечерва стартува новата јубилејна 75 сезона во НБА лигата, а во таборот на Филаделфија севентисиксерс владее хаотична состојба поради еден од најдобрите играчи, Бен Симонс.

Не е тајна дека Симонс сака да ја напушти Филаделфија поради критиките кои му ги упатија и тренерот Док Риверс и првата ѕвезда на тимот Џоел Ембид и кои го потенцираа кошаркарот од Австралија како главен виновник за елиминацијата во плеј-офот минатата сезона.

Симонс веќе јавно соопшти дека не сака да игра повеќе за Филаделфија, управата на тимот нема ништо против тоа да го размени, но проблемот е што има мал број на заинтересирани екипи. Згора на тоа, Филаделфија има нереални барања за да се откаже од Симонс.

Од друга страна, Симонс речиси секој ден на тренинзите покажува дека не е заинтересиран повеќе да игра за Филаделфија.

На последниот тренинг, тој се појави со мобилен телефон во џебот и се однесуваше целосно незаинтересирано, што е нова порака до управата дека сака што побрзо да биде разменет.

 

Новинарот на ЕСПН, Адријан Војнаровски открива дека Симонс е отстранет од тимот поради своето однесување.
„Тренерот Док Риверс го исфрли Симонс од тренингот по што играчот е суспендиран на еден натпревар. Неговото однесување и целосно отсуство од работата со тиот е главна тема откако Симонс се врати на тренинзите“, напиша Војнаровски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Д-р Лазаров вели дека прокиснала модуларната болница кај Инфективна, оттаму демантираат

Следно

Српскиот Парламент одби да расправа за резолуција за геноцидот во Сребреница

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian