ФОТО | „Избеганата“ принцеза загрижува со изгледот: Многу ослабена, со тага во очите

3 mins read

Принцезата Шарлин од Монако (43) неодамна откри дека поради опасна инфекција на увото, грлото и носот е „заглавена“ во Јужна Африка од мај, а на почетокот на овој месец се подложила и на последната во низата операции после што би можела да ѝ го овозможи враќањето во Монако.

Сепак, нејзината последна објава на Инстаграм загрижи многу обожаватели – принцезата се пофали со фотографија на која позира со кралот на јужноафриканскиот народ Зулу, Мисузул каЗвелитини, а нејзината слаба, изнемоштена фигура и премногу тенките раце ги шокираа следбениците.

„Таа навистина не изгледа добро, погледнете ѝ ги рацете раце“, „Потребни ѝ се сила, љубезност и поддршка, оздрави што е можно поскоро“, „Колку тага во нејзините очи“, „Се надевам дека ќе го најде својот пат до среќа што е можно побрзо“, ѝ напишале во коментарите.

– Дојдов во Африка да надгледувам некои проекти на кои работи фондацијата што го носи моето име…  Веќе тогаш не ми беше добро, но бев на еден зафат кој беше многу успешен и сега се чувствувам многу посилно. Одвај чекам да се вратам дома, кај моите деца коишто страшно ми недостасуваат… Ако постои некоја мајка која со месеци е разделена од своите деца, таа ќе се чувствува исто како и јас што се чувствувам сега – изјавила неодамна принцезата Шарлин.

Поради споменатата инфекција, принцезата имала операција на синусите во мај, а вградена ѝ е и коскен трансплантант и забни импланти. Потоа, во јуни, почнала да чувствува силна болка во ушите, па повторно била оперирана. Поради компликации, не ѝ било дозволено да лета, па останала во родната Јужна Африка, за која еднаш и се натпреваруваше како пливачка на Олимписките игри.

Принцезата, наводно, треба да се врати во Монако подоцна овој месец, каде што ја чекаат нејзиниот сопруг, принцот Алберт и нивните шестгодишни близнаци, принцот Жак и принцезата Габриела.

Минатата недела, Алберт, исто така, рекол за радиото РМЦ дека Шарлин наскоро се враќа во Монако.

– Треба да разговараме со лекарите овие денови. Таа е подобра, иако нејзината состојба беше многу комплицирана, страдаше од разни проблеми – рекол принцот Алберт.

Двојката последен пат беше видена заедно во јануари во Монако, а десеттата годишнина од бракот, која беше во јули, ја поминаа разделени поради болеста на Шарлин.

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Први во Европа: Србија ќе го набави лекот молнупиравир

Следно

Кражба во аптека во Кисела Вода

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian