ЕУ ја поддржува Хрватска за Западен Балкан

1 min read

Хрватска доби поддршка од голем број земји-членки на ЕУ за нејзиниот став дека Унијата треба да посвети поголемо внимание на Западен Балкан и потребата од изборни реформи во БиХ за да се елиминираат сите форми на дискриминација, изјави хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман.

Тој изрази загриженост поради инцидентите во Црна Гора и неодамнешните немири на административните премини меѓу централна Србија и Косово. Според него, тој добил поддршка дека ЕУ треба да посвети поголемо внимание на тој дел од Европа.

– Конфликтите во таа област пред 30 години се предупредување дека ова не треба да се повтори. ЕУ мора да посвети повеќе внимание, имајќи го предвид влијанието на третите земји, и повеќе внимание на европската перспектива на тие земји, истакна Грлиќ Радман.

– Добив поддршка од голем број земји-членки на ЕУ, нагласи Грлиќ Радман по состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ во Луксембург, кои, меѓу другото, разговараа за ситуацијата на Западен Балкан и европската перспектива на регионот.

Тој рече дека за време на дискусијата изразил загриженост за ситуацијата во регионот, а во Босна и Херцеговина поради блокадата на работата на институциите и недостигот на консензус за промена на изборното законодавство.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

(ИНФОГРАФИК) Што предвидоа агенциите? Повеќето анкети ја открија промената во јавното мислење

Следно

Дневен хороскоп за 19 октомври: Важно е да го постигнете она што сте го зацртале.

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian