Две лица уапсени за марихуана на подрачјето на Скопје

1 min read

Во два одделни случаи на подрачјето на Скопје МВР интервенираше за апсење на лица кои поседувале марихуана: 

На 19.10.2021 во 04.40 часот полициски службеници од Полициската станица Аеродром на подрачјето на Аеродром го лишиле од слобода С.М.(32) од Виница, а со престој во Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

На 18.10.2021 во 21.00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода К.Т.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

ВИДЕО+ФОТО | Канје Вест има криза на идентитет: ново легално име и појавувања и настапи под бизарни маски

Следно

Моравјецки ја предупреди ЕУ да не ја „уценува” Полска во однос на владеење на правото

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian