Договорот за гас меѓу Кина и САД ќе ја влоши енергетската криза во Европа?

2 mins read

Договорот за испорака на гас меѓу Кина и САД ќе ја влоши енергетската криза во Европа, предупредуваат Германските медиуми

„Доколку Пекинг и Вашингтон постигнат договор за испорака на  течен гас  , тоа може да стане проблем за Европа, бидејќи нејзините капацитетиза складирање гас не се доволно полни“, се вели во коментарот на германската телевизија „N-TV“.

Големите кинески компании сега се во завршна фаза на преговори со американските извозници за договор вреден неколку милиони долари за испорака на природен течен гас во Кина. Пекинг очекува договорот да биде потпишан до крајот на оваа година.


Во написите на дел од германските медиуми се наведува дека Русија може да помогне во решавањето на ситуацијата на европскиот пазар со зголемување на залихите преку своите гасоводи. Сепак, можностите за извоз на Москва се ограничени поради потребата да се полнат сопствени складишта и фактот дека производството на гас веројатно веќе е на максимално ниво.

Руски гасовод/ Фото EPA/ROBERT GHEMENT

Цените на горивата и енргенсите во Европа драстично се покачија во последните месеци. Од почетокот на август до крајот на септември, цената повеќе од двојно се зголеми, а на 6 октомври достигна историски максимум од 1.937 долари за илјада кубни метри, по што вредноста на пазарот почна да опаѓа, но цените сепак се уште ја надминуваат границата од илјада долари.

Експертите го објаснуваат зголемувањето на цените на гасот како последица  на ниското ниво на поплнетоста со складирани количини на гас, ограничената понуда на главните снабдувачи и високата побарувачка за природен течен гас во Азија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Љубовен триаголник: Градоначалникот на Бања Лука е во врска со пејачката Тања Савиќ

Следно

Само 30 луѓе на ден можат да проверат ЦРП и Д-димери во лабораторијата во „Јане Сандански“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian