Д-р Лазаров вели дека прокиснала модуларната болница кај Инфективна, оттаму демантираат

2 mins read

Модуларната болница во Скопје е затворена, бидејќи прокиснала и водата стигнала до струјата, напиша на Фејсбук доктор Ненад Лазаров. Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби посочија дека оваа информација не е вистинита, односно, се појавило „мало количество на водени капки“, но во ниту еден момент немало допир со електричната енергија.

-Затворена модуларната „болница“ до Инфективна, прокиснала и стигнала вода до струја, стои во објавата на Лазаров.

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби (КИБФС) реагираа на информациите дека во модуларната болница во склоп на Клиниката е избегната хаварија.

Оттаму велат дека во модуларната болница немало никаква хаварија, бидејќи ниту се случила поплава во болницата, ниту вода била во допир со струјата. На едно место, како што додадоа, се појавило мало количество на водени капки, но во ниту еден миг не биле во допир со електричната енергија.

– Модуларната болница која е помошно инфективно одделение на КИБФС од пуштањето во употреба трипати беше отворана и затворана согласно потребите за третирање пациенти. Во еден период во модуларната болница се одвиваше и имунизација на здравствените работници, посочија од КИБФС.

На КИБФС вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. Капацитетот на Клиниката е 100 болнички кревети, а на модуларната болница кое е помошно инфективно одделение 70 болнички легла. Инфективна клиника ја става во употреба модуларната болница кога е исполнет капацитетот на Клиниката и другите вакви болници во градот.

Во последниот период доволниот број на слободни места овозможи затварање на модуларната болница. Модуларната болница во моментов се дезинфицира и се спроведуваат стандардни процедури за нејзино одржување, велат од клиниката.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Три деца загинале во вчерашното ракетирање на регионот Тиграј

Следно

Хаос во Филаделфдија, Симонс на тренинг се појави со мобилен и веднаш е остранет од тимот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian