Бабиќ: Заслужена победа на Ним, ние бевме посебно лоши во првото полувреме

1 min read

Ракометарите на Еурофарм Пелистер со пораз од Ним (21:26) ги започнаа настапите во Европската лига.

Битолчани одиграа катастрофално прво полувреме во кое постигнаа само шест голови, додека во вториот дел го поправија впечатокот, но не можеа да го избегнат поразот. Тренерот на Е. Пелистер, Жељко Бабиќ е тажен бидејќи неговите ракометарите не се покажаа во најдобро светло пред своите навивачи.

– Сакам да му честитам на тимот на Ним за победата и за прикажаната игра. Сосема заслужено победија, затоа што одиграа добар натпревар. Тажен сум, бидејќи сметам дека не го покажавме во нашето најдобро светло. Игравме лошо посебно во првото полувреме, шутиравме избрзано и промашувавме, а и голманот на Ним беше расоложен.  Уште еднаш, честитки за ривалот и многу успех во сезоната – изјави Бабиќ на прес-конференцијата по натпреварот.

Еурофарм Пелистер во второто коло кое ќе се игра идниот вторник му гостува на Кадетен Шафхаузен.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Глумицата Лидија Вукиќевиќ на 59 години е млазен авион!

Следно

Сајбер експертите предупредуваат – корисниците на Gmail и Outlook да избришат одредени мејлови за да избегнaт измама

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian