Заев: Уверен сум дека со коалицијата ќе имаме повеќе градоначалници отколку ВМРО-ДПМНЕ

4 mins read

Претседателот на СДСМ Зоран Заев очекува дека СДСМ и коалицијата по вториот изборен круг ќе имаат повисок број на градоначалници отколку ВМРО ДПМНЕ.

Тој им честиташе на граѓаните на високото ниво на европска и демократска свест демонстрирани во првиот круг од локалните избори и најави дека СДСМ победува во првиот круг или влегува во вториот круг пред ВМРО ДПМНЕ во повеќе од 30 општини во земјата.

-Најдоброто победува и водиме пред ВМРО ДПММНЕ во повеќе од 30 општини и во Скопје. Таму каде што води ВМРО ДПМНЕ, видете ја структурата на гласови и ќе видите дека нашите коалициони партнери одземаат добар дел од гласовите кои ќе дојдат кај нас во вториот круг. Стотици илјади гласови се обврска и нема да застанеме и да дозволиме некој да ја враќа земјата назад. На крајот ќе имаме повеќе градоначалници во повеќе општини во споредба со ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција. Затоа Мицковски бараше избор на градоначалници во првиот круг, свесен што ќе се случи во вториот круг, рече Заев.

Прес-конференција на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев во изборната ноќ / фото: Драган Митрески/Слободен печат

Тој додаде дека СДСМ победува во Струмица, Крива Паланка, Карпош, Центар, Шуто Оризари, Кочани, Делчево, Крушево, Ресен, Дојран, Валандово, Македонска Каменица, Богданци, Берово, Кривогаштани, Пехчево, Пехчево, Маврово, Чашка, Росоман, Старо Нагоричане, Лозово, Конче, Арачиново, Дебарца, Долнени, Куманово и во Скопје.

Лидерот на партијата рече дека целата владина коалиција е огромна и се обединува во вториот круг за прогрес и за да се зачува безбедна и сигурна иднината на државата.

-Ги повикувам сите наши поддржувачи да дадат поддршка за нас и во вториот круг. Јасна е пораката од народот и кај што победивме и кај што не победивме, тој сака ште повеќе работа и резултати. Го повикувам цел народ да продолжи прогресот и да продолжи да се обединнува бидејќи злото се заканува. Владината коалиција на прогресот ќе се обедини и ќе влезе во борба за мнозинствата во најголем број од советите. Тоа се мнозинствата низ кои се претставни прогресивните политики поддржана од огромното мнозинство на народот. На Мицковски му порачувам, Кочи Мицко, вториот круг е пред нас. Убеден сум дека ќе имае мнозинство или повеќе градоначалници во повеќе општни и нема да има диплема кој е победник, рече Заев.

Според лидерот на СДСМ, кога ќе се сублимираат сите гласови, од целата коалиција, тие ќе водат до недвосмислена победа.

-Во Скопје водиме со 15 илјади гласови според нашите штапски анализи. Водиме и во Центар и во Шуто Оризари. Ги понудивме најдобрите кандидати. Имам целосно право да верувам дека нашата коалиција на крајот ќе има повеќе градоначалници, увери Заев.

Тој рече и дека е уверен оти Оливер Илиевски од СДСМ е новиот градоначалник на Куманово.

-Марифетлукот е со кого ќе направите програмско заедничко седнување таму каде што не можете тоа сами да го направите и убеден сум дека сублиматот на 31 октомври е претставен со вкупен број градоначалниици и советници кои остануваат во заедничката коалиција, смета претседателот на СДСМ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ДИК се јави со првичните резултати во Скопје: Арсовска води пред Шилегов, обработени 17 отсто

Следно

Фумио Кишида: Отстранувањето на отпадните води од нуклеарната централа Фукушима не може да се одложи и покрај загриженоста на локалното население

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian