Забавува растот на кинеската економија

1 min read

Во третиот квартал од 2021 година, кинеската економија забележа најбавен раст во последната година од 4,9 проценти, поради проблеми со дефицитот на електрична енергија, проблеми во синџирот на снабдување и големиот потрес на домашниот пазар на недвижности, соопшти Националната завод за статистика (NBS).

– Заздравувањето на домашната економија сè уште е нестабилно и нерамномерно, рече портпаролот на НБС, Фу Лингви, на брифинг со новинарите во Пекинг.

Аналитичарите прогнозираа раст на бруто домашниот производ на Кина од 5,2 проценти во третиот квартал.

Слабите податоци за кинескиот раст влијаеа врз денешниот пад на повеќето азиски берзи поради општата загриженост на инвеститорите за глобалното економско закрепнување и стравувањата од можно прелевање на кредитниот ризик од кинескиот сектор за недвижности кон пошироката економија.

Кризата во секторот за недвижности ја предизвика градежната група „Евергранде”, која се бори со огромен долг од 300 милијарди долари.

 

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Стефковски победи во првиот круг во Гази Баба со над 8.000 гласови повеќе од Георгиевски

Следно

ВИДЕО| Муслиу: Граѓаните испратија порака, Заев ја разбра, но треба да ја примени

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian