Во Љубљана запалени четири автомобили

1 min read

Четири автомобили изгореа во пожар што избувна во населба во Љубљана нешто пред 5:00 часот утрово, соопшти денеска Службата за цивилна заштита.

Полицијата во моментов ги истражува причините за несреќата во која нема повредени. Томаж Томажевич од словенечката полиција рече дека во пожарот биле запалени четири возила, од кои две целосно изгореле.

– Полицијата продолжува да собира податоци за околностите што довеле до пожарот. За се ќе го известиме Обвинителството, додаде тој.

 

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

СДСМ победи во Берово, Крушево, Дојран, Струмица

Следно

Додека броите, еве да ви биде јасно зошто не ги добивте саканите гласови

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian