ВИДЕО: Полицајци паркирале во пешачка зона, па се случила смешна сцена

1 min read

Секогаш е важно да проверите каде го паркирате автомобилот, особено за да избегнете неправилно паркирање што може да ве „заработи“ голема казна.

Меѓутоа, во случајот со овие полицајци, негрижата при паркирањето доведе до оштетување на нивниот службен автомобил. Имено, сè се случило во Лидс, Велика Британија, каде полицајците го паркирале своето возило на место за кое мислеле дека е безбедно.

Набргу потоа, сведоците слушнале силен звук, а потоа виделе дека предниот дел на полициското возило било кренато во воздух.  Причината поради која дошло до ваков момент биле столбовите на патот кои се креваат и спуштаат автоматски, за да го блокираат тротоарот од автомобилите, пишува Јоркшир Пост.

Сведоците „врескале од смеење“

Еден од сведоците, уличниот продавач Саул Вебстер, го снимил инцидентот со камера.

„Тие го паркираа возилото, но столбовите потоа се кренаа и нивниот автомобил се заглави. Продавачите врескаа од смеа “ вели тој.

 Портпаролот на полициската администрација рече дека возилото ќе биде прегледано и поправено пред повторно користење. 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Доктор за чевли – Филип Костовски: Нема нешто што не може да се поправи, барем кај мене

Следно

Лапорта порачува дека Барселона нема да ја купат инвестициски фондови иако клубот е во минус од 1.35 милијарди евра

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian