ВИДЕО: Неверојатни сцени во Португалија: Фудбалери се тепаа меѓу себе, полицаец впери пиштол во играч

1 min read

Само еден ден од страшните сцени и тепачката помеѓу хулиганите на Спартак Трнава и Слован Братислава, а потоа и привремениот прекин на наптреварот во Премиер лигата за да му се помогне на навивач на трибините, денеска лоши вести доаѓаат од Португалија.

Имено, во португалската трета лига на натпреварот помеѓу Б тимот на Виторија Сетубал и Олимпик де Монти дојде до тепачка помеѓу фудбалерите и тренерите на двете екипи.

До инцидентот дојде на крајот од натпреварот, а се тепаа речиси сите, фудбалерите, тренерите, а наводно во тепачката се вклучија и навивачите.

На видеата кои се појавија на социјалните мрежи се гледаат немилите сцени кои полицајците едвај успеаја да ги прекинат така што истрелаа десетина пати во воздух. На видеото се гледа како двајца полицајци пукаат во воздуг, додека друг полицаец впери пиштол во еден фудбалер.

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

(ИНФОГРАФИК) ВМРО-ДПМНЕ освои пет скопски општини, СДСМ во втор круг ќе се бори за Центар, Шуто Оризари и Карпош

Следно

Соработката продолжува: Започна изградбата на пругите меѓу Србија и Унгарија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian