ВИДЕО| Муслиу: Граѓаните испратија порака, Заев ја разбра, но треба да ја примени

2 mins read

Во Гостивар досегашниот градоначалник Арбен Таравари доби уште еден мандат уште во првиот изборен круг, а во Тетово гласовите се поделени и ќе има и втор круг. Аналитичарот Алберт Муслиу за Утрински брифинг вели дека во Гостивар се забележани некои помали инциденти и неправилности, но генерално изборите поминаа добро.

-Сега граѓаните можат да здивнат, партиите да одморат, а Таравари да почне да планира што ќе работи, коментира Муслиу.

Во Тетово добро стои кандидатката за градоначалник на ДУИ Теута Арифи, која и досега беше на оваа позиција,  но и кандидатот на Беса, Билал Касами. Како ќе се одвива натамошниот расплет ако се земат предвид коалициите и кој кого ќе поддржи, го прашавме Муслиу.

-Мислам дека сите партии нема да си ги нарушат меѓусебните односи поради овие локални избори. Ќе останат блиску до своите коалициони партнери. Локалните избори се локални ама поддршката ќе се прошири на национално ниво. Мислам дека партиите од власта ќе ја поддржат Арифи, но последниот глас го имаат гласачите, коментира Муслиу.

Тој додава дека локалните избори се секогаш порака и смерница.

-Ако централната власт добро ги анализира изборите ќе извлече поуки. Ако не го стори тоа ќе има проблем во следниот изборен циклус. Има влијание и ефикасноста на локалната власт. За мене е најбитно што изборите беа коректни и нема да има големи негирања на резултатите. Испратена е порака и мислам дека Заев на прес-конференцијата ноќеска укажа дека пораката е примена па сега треба и да се примени. Така ќе ги намали негативните ефекти, а ако не го стори тоа секако ќе има последици, вели Муслиу за Утрински брифинг.

Целиот разговор во видеото

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Забавува растот на кинеската економија

Следно

Дали се очекува венчавка: Девојката на Џеф Безос забележана со голем прстен на „оној“ прст

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian