ВИДЕО: Како на филм уапсени членови на српската криминална група на Вељко Беливук

1 min read

Српските специјалци денеска во филмска сцена уапсија уште двајца членови на криминалниот клан на Вељко Беливук, кои се меѓу осомничените з убиство на две лица, пишуваат српските медиуми.

Уапсените осомничени се Сенад Решовиќ и Дејан Михајловиќ, а според српската полиција, нивното апсење е доказ дека во истрагата за крвавите злосторства на озлогласениот клан на Беливук, познат како Веља Неволја, нема заштитени.

Криминалната група стана една од главните теми во српската, но и во регионалната јавност, кога во голема полициска акција во февруари беа уапсени Беливук, неговата десна рака, Марко Миљковиќ и уште дваесетина членови на навивачката група „Принципи“, кои според обвинението со години мачеле и убивале ривали и соработници, изнудувале пари и продавале оружје и дрога.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Лапорта порачува дека Барселона нема да ја купат инвестициски фондови иако клубот е во минус од 1.35 милијарди евра

Следно

Џони Деп промовира серија во Белград: Ќе проба и ракија и ќебапи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian