ВИДЕО | Илиевски: Програмата е за сите граѓани на Куманово, во вториот круг сме убедливи победници

1 min read

Тесна и интересна изборна битка се водеше во Куманово. Исходот е теска разлика меѓу Оливер Илиевски кандидат за градоначалник од СДСМ и поранешниот градоначалник од СДСМ а сега независен кандидат Максим Димитриевски. Коментар за очекувањата побаравме од Оливер Илиевски.

– Неофицијалните податоци покажуваат дека разликата помеѓу нас и Максим Димитриевски ќе биде околу 100 гласа, за едниот или за другиот, изјави за „Утрински брифинг“ Илиевски, кандидат за градоначалник на СДСМ во Куманово. Но, кога ќе ги собереме гласовите што ги има нашиот коалиционен партнер ЛДП, разликата е над 1000 за нас, додава Илиевски.

– Димитриевски најголем дел од гласови зема од ВМРО – ДПМНЕ. Затоа сметаме дека таа бројка и ќе остане. Затоа сме уверени дека со гласовите од ЛДП и АА/А во вториот круг сме убедливи победници, додава Илиевски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Инцидент со огнено оружје во училиште во предградие на рускиот град Перм

Следно

Кошаркарките на Чикаго скај се нови ВНБА шампионки

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian