ВИДЕО: Додик продолжува да ги провоцира федералните институции – донесе хармоникаш во зградата на Претседателството на БиХ

2 mins read

Српскиот член на ротирачкото тројно престедателство на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, го исполни своето претходно дадено ветување и продолжи да ја понижува државата и нејзините институции со тоа што донесе хармоникаш во зградата на Претседателството на БиХ.

Денеска се одржува седница на Претседателството на БиХ, а Додик претходно во своите изјави најави дека ќе присуствува на седницата, но дека ќе ги отфрли сите одлуки кои ќе ги донесе оваа највисока федерална инститиуција, но и ќе донесе хармоникаш со кого ќе ја испее песната  „Нема повеќе Алија“, алудирајќи на некогашниот лидер на босанските муслимани и тако на актуелниот член на престедателството Бакир, Алија Изетбеговиќ.

 

Иако јавноста не очекуваше, Додик сепак отиде предалеку, па покрај исмевањето и провокациите, пред останатите двајца останати членови, муслиманскиот и хрватскиот, извади алкохолен пијалак и почнал да им сипува во чашите на членовите на неговата партија СНСД во просториите на зградата на државната федерална институција.

Заедно со Додик, на оваа претстава присуствуваа и некои од федералните министри од редовите на неговата партија кои видно беа расположени и пееја.

Постапката на Додик беше оценета како негов обид за понижување на институцијата Претседателство на БиХ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Драма во Љубљана: Француска ракометарка два пати колабираше за 20 секунди

Следно

ФОТО | Малолетна ќерка на Хајди Клум крена прашина со разголената фотографија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian