ВИДЕО | Бабовски: АХВ спроведува редовни контроли за граѓаните да имаат безбедна храна

2 mins read

Викендов беше одбележан Светскиот ден на храната. Оваа година затечен и од ковид кризата, но и од климатските промени.

Од светската организација за храна ФАО алармираат дека и покрај тоа што се произведува доволно храна за да се прехранат сите, сепак бројот на население кое се соочува со глад од година во година расте. Тие порачаа дека во иднина повеќе внимание треба да се посвети на предизвиците како храната се произведува, складира, дистрибуира и консумира.

Од тука се поставува прашањето што правевме до сега и каква храна консумираат граѓаните. На оваа тема во Утрински брифинг разговаравме со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски.

-Дали конзумираме здрава храна и дали имаме доволно, како и дали имаме банки за храна за оние кои ја немаат доволно е битно за нас како АХВ. Ние секојдневно се грижиме за тоа нашите граѓани да имаат безбедна храна, вели Бабовски за Утрински брфинг.

Тој додава дека нашите граѓани конзумираат здрава храна, а сите контроли што ги спроведува АХВ, и за домашно произведена и за увезена храна, имаат за цел да се обезбеди здрава храна која нема да биде опасна за граѓаните.

– Ние спроведуваме огромен број контроли кои се наменети за она што е основа за понатамошните активности на дистрибуцијата и конзумирање храна. Имаме 6.200 редовни, контролни проверки, и околу 5.000 вонредни контроли кои ги вршиме по претставки доставени до АХВ, информира Бабовски.

Тој вели дека ако има одредени недоследности во одредени примероци на храна за нив се носат соодветни решенија, се врши задолжителна едукација на операторите и се издаваат прекршочни и кривични пријави зависно од тоа што е најдено како недостаток во тие контроли на храната.

-Храната што не е во ред мора да се уништи. Околу 15.300 килограми храна е уништена од наша страна и 22.830 килограми храна е уништена од операторите. При спроведување на контрола настојуваме редовно да вршиме контроли, а во последно време имавме засилени контроли во туристичките места. Сето тоа доведе да имаме помалку небезбедна храна и во маркетите и во угостителските објекти, вели директорот на АХВ Бабовски за денешен Утрински брифинг.

Целиот разговор во видеото

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Фумио Кишида: Отстранувањето на отпадните води од нуклеарната централа Фукушима не може да се одложи и покрај загриженоста на локалното население

Следно

Денеска протест поради препишување на манастирот Цетиње на СПЦ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian