Соработката продолжува: Започна изградбата на пругите меѓу Србија и Унгарија

3 mins read

Со симболичниот почеток на изградбата на новите шини, премиерот на Унгарија и претседателот на Србија денеска ја започнаа реконструкција на железничката пруга меѓу Суботица во северна Војводина и градот Сегед во јужна Унгарија, објавија медиумите во Војводина.  

По изградбата на овој важен пат, овие два погранични региони, како што истакнаа Виктор Орбан и Александар Вучиќ, ќе станат развоен центар за туризам, трговија и зближување на унгарската и српската култура и народ.  

По тој повод, Орбан повтори дека Србија одамна требаше да биде во Европската унија.  

Орбан: Србија е вратата за Балканот  

„Сите ние многу добро знаеме дека Србија е вратата кон Балканот и клучна земја за безбедноста на Европа. Вистина е и знаеме дека Србија е подготвена да влезе во ЕУ”, рече тој на церемонијата во близина на Хоргош, во близина на српско-унгарската граница.  

Зборувајќи за железницата што ќе ги поврзе двата големи града во соседните земји, тој посочи дека тоа е „симбол на соработка и заеднички напредок на Унгарија и Србија, Унгарците и Србите кои градат нова заедничка иднина“.  

Радио телевизијата на Војводина и агенцијата Танјуг објавија дека претседателот на Србија, исто така, нагласил дека обновената железничка линија ќе ги зајакне економските, културните и пријателските врски меѓу Србија и Унгарија, како и меѓу Србите и Унгарците. 

„Граѓаните и економијата ќе имаат директен пристап до пристаништето Баја на Дунав и пристаништето Сегед на Тиса, како и логистичките центри во Војводина и Белград. Железницата Суботица-Хоргос ќе се поврзе со Белград-Будимпешта, овозможувајќи им на корисниците полесно да дојдат до европските метрополи“, изјави Вучиќ.  

Се очекува изградбата да заврши за една година  

Прелиминарниот проект за реконструкција на железницата долга 27 километри беше финансиран од страна на ЕУ во рамките на ИПА програмата Унгарија-Србија, додека Србија издвои 86,7 милиони евра преку заем од ОТП банката и од буџетот.  

Завршувањето на изградбата, со кои возовите би можеле да достигнат брзина до 120 километри на час, се очекува кон средината на ноември 2022 година.  

Пругата била изградена во 1885-та година, како дел од тогаш важната железничка пруга Баја – Суботица – Сегед. Сообраќајот на него беше целосно прекинат во 2015-та година, кога мигрантите го користеа за масовен влез во Унгарија. Како и по целата гранична област, Унгарија тогаш подигна ограда и бодликава жица над шините. 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Неверојатни сцени во Португалија: Фудбалери се тепаа меѓу себе, полицаец впери пиштол во играч

Следно

ФОТО |„Многу зуење, малку мед…“: За кого гласаше Џамбазов на локалните избори?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian