Северен поток 2 подготвен за работа: Првата линија исполнета со гас и е подготвена за трансорт, чека одобрување од Германија

2 mins read

Првата линија на гасоводот „Северен поток 2“ е наполнета со технички гас и е оспособена за транспорт, објави компанијата која ќе управува со испораките на руски гас за Европа, koja во моментов е потресена од енергетската криза.

Околу 177 милиони кубни метри технички гас беа испумпани во гасоводот, потребни за одржување на притисокот, кој сега изнесува 103 бари, објави денеска операторот на проектот „Северен тек 2 АГ“, со седиште во Швајцарија.

„Притисокот е доволен за идниот транспорт на гас“, се вели во соопштението и се додава дека во тек се подготовките за пуштање во употреба на втората линија.

Гасоводот сега чека дозвола од германските регулатори, а постапката за негово издавање може да потрае неколку месеци, забележува Ројтерс.

На 4 октомври, данската енергетска агенција објави дека „Северен поток 2 АГ“, операторот на гасоводот ги исполнил сите услови за пуштање во работа на „Северен поток 2“.

Фото: EPA/Eustream

Рускиот производител на гас „Газпром“ претходно соопшти дека оваа година може да се испорачаат 5,6 милијарди кубни метри гас преку гасоводот „Северен поток 2“.

Се очекува „Северен поток 2“ да дуплира две руски испораки во Европа на 110 милијарди кубни метри, а беше финансиран од руски „Газпром“ и неговите партнери австриски ОМВ, француски ЕНГИЕ, „Бритиш Шел“, германски Унипер и Винтершал Деа.

Соединетите држави се спротивставија на испораката и употребата на гасоводот , тврдејќи дека тоа ќе ја зголеми зависноста на Европа од рускиот гас. Завршните работи беа одложени, така што Европа се соочи со недостаток на гас оваа есен поради големата побарувачка на економијата, која се опоравува од кризата со корона.

Цените на гасот нагло пораснаа, а Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) и некои политичари во Европскиот парламент ја обвинија Русија дека не вложува доволно напори за зголемување на испораките за Европа.

Москва, од друга страна, ги отфрла тие тврдења и вели дека „Северен поток“ може да го намали притисокот врз европскиот пазар и недостигот на гас.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Кој тип на тело го имате? Откријте во која група спаѓате и што е најдобро за вас

Следно

Арсовска соопшти дека е во предност со околу 5334 гласа пред Шилегов

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian