Џони Деп промовира серија во Белград: Ќе проба и ракија и ќебапи

1 min read

Холивудскиот актер Џони Деп утре доаѓа во Белград по повод промоцијата на неговата анимирана серија произведена во Србија „Пафини“, во продукција на „Архангел студио“ од актерот Милош Биковиќ, а создадена во „Јерволино студио“ – пренесуваат од „Денешен весник“.

Познато е дека Џони Деп ќе помине еден ден во главниот град на Србија, за време на кој ќе се сретне со српскиот претседател  Александар Вучиќ, во Андричев венац. Планот е откако ќе заврши прес – конференцијата, актерот да направи мала турнеја низ студиото, а според локалните медиуми, тој ќе биде сместен во претседателскиот апартман на познат хотел во Белград.

За ручек и вечера ќе се служат национални јадења од Србија, како и ракија и вино. Во една прилика, кога го прашаа актерот што му оставило најголем впечаток од храната во Србија, без двоумење, рече – „ќебапчиња“. Џони Деп минатата година додека беше во Монте Карло изјави дека ги „обожава“ Србија и Србите. Првпат беше во посета во Србија во 1992 година.

ВИДЕО: Џони Деп стана инстант хит во регионот откако опцу на чист српски јазик

 

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Како на филм уапсени членови на српската криминална група на Вељко Беливук

Следно

Лаказет во судиското продолжение го спаси Арсенал од пораз

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian