Ѓоковиќ ја започна 343. недела на врвот на АТП ранг-листата, Федерер испадна од топ 10

1 min read

Новак Ѓоковиќ денеска ја започна 343. недела на првото место на АТП ранг-листата иако не настапи на Мастерсот во Индијан Велс.

Ѓоковиќ има 11.340 бодови, дури 1.800 повеќе од второпласираниот Данил Медведев и српскиот тенисер е безбеден на врвот на АТП ранг-листата најмалку до 22. ноември.

Медведев имаше можност да го симне Ѓоковиќ барем на една недела доколку триумфираше на Мастерсот во Индијан Велс, но неговиот поход на врвот на ранг-листата го запре Григор Димитров.

На третото место на АТП ранг-листата се наоѓа Стефанос Циципас, а на четврти светски тениски рекет е Александер Зверев.

Меѓу најдобрите десет тенисери има неколку промени во однос на минатата недела, Рафаел Надал сега е шести, а петти е Андреј Рубљов. На седмото место се наоѓа Матео Беретини, додека осми е Доминик Тим, Каспер Руд е деветти а Роберт Хуркач е десетти светски тенисер.
Од листата на најдобри десет тенисери испадна Рожер Федерер кој сега е 11. со 3.285 бодови.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ќе ѝ пресудат ли урбаното планирање и Попова Шапка на Теута Арифи

Следно

Главниот српски епидемиолог предупредува- Состојбата со Ковид е катастрофална“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian