Нелегални структури од Србија се вмешаа во косовските локални избори, вели претседателката Османи

1 min read

Косовската претседателка Вјоса Османи денеска обвини дека нелегални структури од Србија имале влијание врз штотуку одржаните локални избори во Косово, во деловите од земјата во кои живеат Срби.

Османи за ова им се пожалила на набљудувачите од мисијата на Европската унија.

Според неа, вмешувањето на српските структури имале влијание врз изборниот натпревар меѓу политичките ентитети и врз слободното изразување на волјата на гласачите.

Српската листа на вчерашните избори победи во Лепосавиќ, Северна Косовска Митровица, Ново Брдо, Штрпце, Зубин Поток, Звечан, Грачаница, Ранилуг и Партеш. Тоа е партијата со најмногу освоени општини на локалните избори во земјата.

Од друга страна, според соопштението од кабинетот на Османи, делегацијата на ЕУ инсистирала дека изборниот процес поминал во демократска атмосфера, со висок професионализам и интегритет на институциите, но и на граѓаните на Косово.

Според првичните резултати, градоначалниците на 17 од вкупни 38 општини во земјата се избрани во првиот круг.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Фудбалер од Премиер лигата открива: Ќе ме распнат доколку дознаат дека сум хомосексуалец

Следно

ФОТО | Хари Стајлс ја освојува Америка со турнејата „Love On Tour“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian