Муцунски се огласи на фејсбук: Ургентно решавање на веќе девастираниот стандард на нашите граѓаните

1 min read

Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром Тимчо Муцунски кој е се поблиску до убедлива победа на локалните избори се огласи на својот фејсбук профил.

-Преку оваа денешна објава со сите вас го споделувам чувството на задоволство и радост за големата победа која ја извојувавме заедно и со силна верба во една поубава и просперитетна иднина.Посебно се заблагодарувам на моето политичко семејство ВМРО-ДПМНЕ за дадената доверба, на моето семејство, мојот тим, другари, пријатели, комшии, граѓаните на општина Аеродром и на целата моја татковина за нивните добронамерни совети, безрезервната поддршка и вербата во мене во текот на целата кампања, порача Муцунски. 

-Во време на присутна пандемија, енергетска криза, почеток на нова економска и финансиска нестабилност, присутни секојдневни последици од климатските промени и пад на моралните вредности, од сите нас се очекува да покажеме вистинска волја и подготвеност за соочување со сите предизвици, но и поголема ангажираност и национално единство за ургентно решавање на сите прашања кои посредно или непосредно влијаат на веќе девастираниот стандард на нашите граѓаните. Токму во наведената насока овие избори граѓаните јасно покажаа дека е крајно време за ефикасни и квалитетни промени во нашето современо општество, но и дека е минато времето на лажни и неисполнети ветувања, дециден е Муцунски. 

-Вашата јасно изразена волја создава сериозна обврска за исполнување на вашите очекувања и реално остварување на заедничките високо поставени цели и задачи, порачува тој кон своите сограѓани. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Запален олимпискиот оган за Зимските олимписки игри во Пекинг, церемонијата не помина без проблеми

Следно

Проституцијата во Шпанија ќе биде прогласена за криминал

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian