Лапорта порачува дека Барселона нема да ја купат инвестициски фондови иако клубот е во минус од 1.35 милијарди евра

1 min read

Шпанскиот гигант Барселона се наоѓа во голема финансиска криза, долгот изнесува најмалку 1.35 милијарди евра и главна цел на претседателот Жоан Лапорта е да ги намали долговите на клубот.

Лапорта откри дека актуелниот долг изнесува 1.35 милијарди евра.
– Барселона моментно ја има најлошата финансиска ситуација во историјата на клубот, долго изнесува 1.35 милијарди евра, а загубите за оваа година се 481 милион евра. Кога го презедовме клубот, немавме пари ниту за платите на вработените – изјави Лапорта, а пренесува „Марка“.

Лапорта нема дилеми дека главен виновник за катастрофалната ситуација на Барселона е претходната управа предводена од Хосеп Марија Баротмеу.
– По истрагата ќе одличиме за евентуалните правни чекори. Сега мора да носиме одлуки кои ќе ги одбележат наредните години – додава Лапорта кој на членовите на клубот им вети дека управат нема да продава акции на инвестициските фондови.

– Работиме на тоа да го извлечеме клубот од оваа ситуација и спроведовме финансиска операција за да добиеме 551 милион евра. Со новите договори на спортистите заштедивме 155 милиони евра, но и понатаму мораме да штедиме. Можам да кажам дека се додека оваа управа е во Барселона, сопственици на клубот ќе бидат само нашите членови. Не се во прави тие кои мислат дека можат да го преземат клубот, повлековме црвена линија преку која никој нема да помине – порача Лапорта.

 

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Полицајци паркирале во пешачка зона, па се случила смешна сцена

Следно

ВИДЕО: Како на филм уапсени членови на српската криминална група на Вељко Беливук

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian