Инцидент со огнено оружје во училиште во предградие на рускиот град Перм

1 min read

Ученик од шесто одделение отвори оган во училиште во градскиот округ Октјабрски во регионот Перм, објави прес-службата на регионалниот оддел на руското Министерство за внатрешни работи. Ученикот е приведен, а во инцидентот нема жртви.

„Денеска, околу 08:00 часот по локално време, полициската управа на градскиот округ Октабрски во регионот Перм доби порака дека во едно училиште, малолетник испукал два куршума. Во инцидентот нема повредени. Тинејџерот е во притвор. Тој е ученик од шесто одделение на ова училиште “, се наведува во соопштението на подрачното одделение на Министерството.

Се утврдуваат мотивите за неговиот чин, како и од каде го набавил оружјето. Пукањето се случило во селото Сарс во областа Октјабрски и во моментот на инцидентот немало ученици во училиштето

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Со околу 2.000 гласови Арсовска во предност пред Шилегов за Град Скопје

Следно

ВИДЕО | Илиевски: Програмата е за сите граѓани на Куманово, во вториот круг сме убедливи победници

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian