ФОТО | Малолетна ќерка на Хајди Клум крена прашина со разголената фотографија

1 min read

Ќерката на супермоделот Хајди Клум (48), Лени Клум (17), се фотографирала за британското култно списание „Rollercoaster Magazine“. На фотографијата, малолетната Лени позира во раскопчано палто, а само со раката ја покрива градата.

Фотографијата ја крена јавноста на нозе, бидејќи девојчето се уште е малолетно.

Лени ја објави фотографијата од снимањето на својот профил на Инстаграм на кој има милион следбеници, а фотографијата наскоро собра над 6.000 загрижени коментари на следбеници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leni Olumi Klum (@leniklum)

„Дали е тоа воопшто легално? Таа има само 17 години“, напишала една коментаторка под фотографијата.

„Леле, па ова е нелегално!“, додал друг корисник.

„Девојко, зарем не си малолетна? Кој ти дозволува да правиш вакви работи? Каде е мајка ти?“, ја прозвале и мајката на Лени, Хајди. „Каква мајка е таа што дозволува нејзината малолетна ќерка да објавува такви фотографии“, ја обвинуваат Хајди.

„Таа е дете! Не треба да дозволите да биде сексуализирана на тој начин“, се нижат негодувачките коментари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leni Olumi Klum (@leniklum)

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Додик продолжува да ги провоцира федералните институции – донесе хармоникаш во зградата на Претседателството на БиХ

Следно

Орце Ѓорѓиевски е победник во првиот круг во Кисела Вода

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian