ФОТО | Кој тип на тело го имате? Откријте во која група спаѓате и што е најдобро за вас

2 mins read

Можеби ја знаете вашата висина, тежина и конфекциски број, но дали знаете на кој тип на тело припаѓате? Според научниците, сите луѓе, односно нивните тела припаѓаат во три соматипа, пишува „Дејли мејл“.

Освен идентификувањето на типот на телото, самиот соматип има влијание врз тоа кои вежби му одговараат на кого.

„Повеќето луѓе се мешавина од двата вида, а тоа помага да се одреди кои вежби треба најмногу да се користат“, вели физиотерапевтот Семи Марго.

Соматипови се ектоморфи, ендоморфи и мезоморфи, а за првпат ги идентификувал д-р Вилијам Шелдон 1940-тите години.

1. Ектоморфи
Овој тип има потесна телесна градба – вклучувајќи потесни раменици, гради и колкови. Имаат мал процент на телесни маснотии, но и малку мускули. Тие тешко се здебелуваат или набиваат мускулна маса, а екстремитетите обично им се долги и тенки.

Освен тоа, тие обично имаат високо чело, тесно лице. Најдобро им одговараат вежбите коишто вклучуваат издржливост на долги патеки, како што се трчање, возење велосипед, пешачење, триатлон и фудбал. Исто така, добри се и во спортовите како што се гимнастика, лизгање, балет.

Парис Хилтон и Кира Најтли се тип на ектоморфи.

Paris Hilton pokazala kako je izgledala sa 13, 15 i 16... I dalje tvrdi da nije imala operacije - Telegraf.rs

Фото: Профимедиа

2. Мезоморфи
Овој тип има мускулна градба на телото и најчесто би рекле дека изгледаат атлетски, иако не мора неопходно да се занимава со спорт за тоа. Овие луѓе имаат малку пошироко торзо со посилни рамења, но со истакната половина.

Како и ектоморфите, мезоморфите, исто така, немаат голем удел маснотии, но нивните екстремитети се силни и поголеми и имаат многу повеќе мускулна маса. Идеални спортови за нив се оние кои бараат многу сила на кратки растојанија, а нивните мускули сакаат вежби како пилатес и јога.

Мадона и Мишел Обама се тип на мезоморфи.

BLIC

Фото: Профимедиа

3. Ендоморфи
Тие имаат значително позаоблена фигура од претходните два типа. Во торзото се еднакво широки како мезоморфите, но долниот дел од телото, односно колковите и бутовите им се многу пошироки, додека рамената им се малку потесни. Исто така, долниот дел од листовите и глуждовите им се потенки отколку кај мезоморфите.

Имаат поголем процент на телесни маснотии, а многу полесно се здебелуваат. Покрај тоа што имаат заоблено тело, и самата глава односно лице им се позаоблени и повеќе месести. Најдобрата форма на вежбање за нив е нешто што ги комбинира кардио тренинзите и оние со сила, а мускулите им се зацврстуваат со кревањето тегови.

Кејт Винслет и Џенифер Хадсон се тип на ендоморфи.

Kejt Vinslet

Фото: Профимедиа

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Додик продолжува да ги провоцира федералните институции- донесе хармоникаш во зградата на Претседателството на БиХ

Следно

Северен поток 2 подготвен за работа: Првата линија исполнета со гас и е подготвена за трансорт, чека одобрување од Германија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian