ФОТО | Хари Стајлс ја освојува Америка со турнејата „Love On Tour“

1 min read

Откако Хари Стајлс ја започна својата соло турнеја во септември, наречена „Love On Tour“ во чест на албумот „Fine Line“ кој беше објавен во 2019, фановите збудалеа по него и неговите стајлинзи.

Во 2020 не можеше да се случи никаква турнеја, ковид -19 ги замати плановите, но во 2021, Хари Стајлс е поинтензивен на сцената од кога било. Освен што ја донесе епската ретро/глам мода на сцена, стана и препознатлив по соработката со модниот гигант Gucci. Фановите ги копираат неговите комбинации и уште се нарекуваат „Тhe Stylers“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @harrystyles

Оваа возбуда е присутна и на твитер-профилот на Хари, на кој вечерва тој сподели фотографија од њујоршката сцена со ширум раширени раце и веднаш потоа безброј фанови му возвратија со силна поддршка.

Harry Styles/LoveOnTour/printscreen/Twitter

Освен што е светкав примерок во поновата музичка историја, Хари Стајлс е познат како дел од фамозниот бој бенд One Direction, каде беше миленик на младата публика.

EPA/KIYOSHI OTA

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нелегални структури од Србија се вмешаа во косовските локални избори, вели претседателката Османи

Следно

Земан не е способен да ги исполнува своите претседателски должности, тврди Вистричил

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian