ФИФА ќе ги анкетира селекторите околу идејата Светските првенства да се играат на секои две години

1 min read

Светската фудбалска федерација (ФИФА) утре и во четврток ќе организира видео-конференции со селекторите на репрезентациите за да го слушне нивното мислење околу реформата во календарот, поточно за идејата Мундијалите да се играат на секои две години.

„Теми на разговор ќе бидат здравјето на фудбалерите, календарот на меѓународни наптревари и промена на терминот на играње на Светското првенство“, соопшти ФИФА.

Шефот за глобален развој на фудбалот во ФИФА, Арсен Венгер, ќе има можност да им објасни на селекторите зошто е најголем заговорник околу идејата Светските првенства наместо на четири да се играат на две години.

– Немаме често можности да се собереме и да зборуваме. Затоа мора да ја искористиме секоја можност за разговор која ќе ни се укаже. Тоа е најдобар начин да го заштитиме местото кое фудбалот го има во светот – изјави Венгер.

Комплетниот извештај за предлогот Мундијалите да се играат на секои две години, ФИФА ќе го презентира пред сите 211 земји членки на конгресот во декември.

Идејата на Венгер веќе ја отфрлија УЕФА, дел од селекторите на европските репрезентации, дел од претседателите на федерациите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Австралиски полицајци суспендирани бидејќи одбиле да се вакцинираат

Следно

Бајден доби тужба од албанско семејство „Поради него не добивме виза“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian