Драма во Љубљана: Француска ракометарка два пати колабираше за 20 секунди

1 min read

Натпреварот во женската ракометна Лига на шампиони помеѓу Крим и Мец заврши со триумф на гостинките од 28:29 и тоа со голот на Луиз Бургорд на осум секунди до крајот.

Но, вистинска драма се случи неколку секунди подоцна кога десниот бек на Крим, Осеан Серсиен-Уголан по поздравувањето со противничките, колабираше на теренот. Французинката која настапува за Крим се пожали на болки и два пати колабираше, а ракометарките на двете екипи веднаш ја опкружија за камерите да не ја снимаат несреќната ракометарка во моменти кога и се укажува лекарска помош.

Лекарите веднаш успеаја да и го извадат јазикот на Уголан и потоа да биде однесена во болница. Ракометарката која со Франција го освои златниот медал на Олимписките игри, се наоѓа во стабилна здравствена состојба.

– Осеан е подобро, дојде при свест. Таа се наоѓа во добри раце – изјави нејзината колешка од Крим и од француската репрезентација, Алисон Пино.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Атанасоски: ВМРО-ДПМНЕ тешко ќе направи ново мнозинство без ДУИ

Следно

ВИДЕО: Додик продолжува да ги провоцира федералните институции – донесе хармоникаш во зградата на Претседателството на БиХ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian