Денеска протест поради препишување на манастирот Цетиње на СПЦ

3 mins read

Пред Владата во Подгорица денеска ќе се одржи протестен собир против одлуката на катастарската управа да го регистрира манастирот Цетиње како сопственост на Митрополијата црногорско приморска на Српската православна црква (СПЦ).

– Само во таква несреќна Црна Гора директорот на катастарот и управата за државен имот може да ја пренесе сопственоста на друга држава на најголемото светилиште на црногорската државна слобода – манастирот Цетиње, се вели во соопштението потпишано од група граѓани од Цетиње објавено од локалните медиуми.

Управата за катастар и државен имот на Црна Гора го регистрираше манастирот Цетиње како сопственост на Митрополијата црногорско приморска на Српската православна црква (СПЦ).

– Манастирот Цетиње е регистриран како сопственост на Митрополијата црногорско приморска, изјави вчера за телевизијата Вијести директорот на катастарот и управата за државен имот Коча Ѓуришиќ, со оценка дека со тоа е „исправена грешка” од 1996 година.

Според него, со одлуката од 1996 година, манастирот Цетиње бил сопственост на Митрополијата, но поради „компјутерска грешка”, во базата на податоци, наместо право на сопственост, бил внесен терминот користење.

Цетинскиот манастир досега во евиденцијата на Управата се водење како сопственост на главниот град Цетиње.

Опозициската Демократска партија на социјалистите вчера објави дека ќе поднесе кривична пријава против одговорните „за кражба на имот и малверзации извршени во текот на оваа постапка”.

Заштитничката на имотните и правните интереси на Цетиње, Снежана Попивода, изјави дека одлуката за регистрација на манастирот Цетиње на Митрополијата црногорско-приморска е правно неоснована, бидејќи по исто правно прашање не може двапати да се иницира постапка, како што не може ниту Управата за катастар и државен имот, независно од другите државни органи и самостојно да одлучува по жалби на Митрополијата црногорско-приморска.

Митрополијата се жалеше и бараше манастирот Цетиње да се запише како нејзин имот.

Владата на Црна Гора, без одржување седница, на 13 септември одлучи сопственоста над манастирот Цетиње да ја запише на државата Црна Гора, а не на главниот град Цетиње, како што беше случај од 1996 година.

Собранието на главниот град Цетиње претходно протестираше против ваквата одлука на Владата и ја поддржа граѓанската иницијатива која бара манастирот Цетиње да биде „подеднакво отстапен” на сите православни верници во Црна Гора, односно на свештенството и верниците од Црногорската православна црква.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Бабовски: АХВ спроведува редовни контроли за граѓаните да имаат безбедна храна

Следно

Дневен хороскоп за 18 октомври: Вечерта ви носи вистинско откровение

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian