Дали се очекува венчавка: Девојката на Џеф Безос забележана со голем прстен на „оној“ прст

2 mins read

Дали набрзо ќе забијат камбаните за билионерот Џеф Безос и неговата девојка Лорен Санчез?

Двојката која ги разби гласините за романтичниот статус на билионерот по неговиот бурен развод сега ја возбудува интернет публиката со јавните појавувања. Но откако минатата недела беше забележан голем прстен на „оној специфичен прст“ на раката на Лорен се покренаа нови гласини – дали двојката наскоро ја очекува официјализирање на врската?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lauren Sanchez (@laurenwsanchez)

Според објавите на инстаграм-профилот на Лорен, се чини дека таа го носи тој прстен веќе неколку дена, а прстенот со дијамант во форма на срце го носеше и на лансирањето на вселенското летало „Blue Origin“ на Безос.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lauren Sanchez (@laurenwsanchez)

Безос и Санчез се појавуваат во исти кругови со години, а се претпоставува дека се заедно од 2016 година кога започнале да поминуваат повеќе време заедно. Близината се интензивира кога Санчез се разделува од нејзиниот сопруг Патрик Бајтсел во 2018 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lauren Sanchez (@laurenwsanchez)

Безос пак се разиде од неговата поранешна сопруга Мекензи Скот по 26 години брак, во развод кој доста бурно помина во јавноста а Мекензи дојде до билионерски суми. Оттогаш Безос се повлече од позицијата извршен директор на Амазон и најави дека сака да патува во вселената. Беше и дел од екипажот на првиот цивилен лет во вселената на неговиот нов проект „Blue Origin“.

Двојката Безос-Санчез е јавно заедно од почетокот на 2019 година по распадот на бракот на Безос, за кој ширеа гласини дека токму аферата со Санчез е причината за разводот.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО| Муслиу: Граѓаните испратија порака, Заев ја разбра, но треба да ја примени

Следно

Борел оптимист за преговорите за иранската нуклеарна програма

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian