Дали Барселона ќе остане и без наследникот на Меси, суперагентот Мендеш ги стопира преговорите со Лапорта

2 mins read

Барселона изминатото лето остана без својот најдобар фудбалер во историјата, Лионел Меси кој се пресели во ПСЖ поради големите финансиски проблеми во кои се наоѓа каталонскиот тим, но можно е наскоро навивачите да доживеат уште еден таков шок.

Младиот фудбалер Ансу Фати беше означен како наследникот на Меси, ја доби дури и „десетката“ која до минатата сезона ја носеше Аргентинецот, а управата предводена од претседателот Жоан Лапорта започна преговори за нов договор и веднаш доби непријатен шок.

Преговорите засега се стопирани, суперагентот Жорге Мендеш се повлече од истите поради големите разлики кога станува збор за откупната клаузула како и за должината на договорот.

Лапорта инсистира откупната клаузула за Фати во новиот договор да биде дури милијарда евра, додека Мендеш кој се грижи и за кариерата на Кристијано Роналдо, не се согласува со овој предлот на првиот човек на Барселона и бара таа да биде во границата на реалноста.

Исто така Мендеш инсистира новиот договор да биде потпишан на две години, а по истекот на истиот би започнале нови преговори за побогат договор.

Од друга страна, Барселона сака уште сега да го врзе 18-годишниот фудбалер на подолго време и не е задоволна од предлозите на Мендеш.
Поради големите несогласувања, преговорите засега се стопирани и се очекува да бидат продолжени по Нова година.

Желбата на Ансу Фати е да остане во Барселона, но неговиот агент не сака идната голема ѕвезда на каталонскиот тим да биде уценувана од клубот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Либералите дадоа „зелено светло“ за семафор-коалиција

Следно

На денешен ден за првпат беше произведено омиленото „Фиќо“ – возилото симбол на Југославија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian